Нова економска зона во Тетово

Bez autora
Jun 23 2010

Управувањето со слободните економски зони ќе остане исто како и досега. Државата ќе менаџира со нив, но ако се јави сериозна компанија не се исклучува можноста да и' се даде под концесија ако гарантира брз влез на голем број компании. Премиерот Груевски рече дека новата технолошко индустриска развојна зона во Тетово е четврта од ваков вид во државата, има површина од 96 хектари и планирано е да се сместат триесет фабрики со околу 7.000 работници. Според најавите, таа треба да почне со работа кон крајот на 2011 година. Вицепремиерот за економските прашања, Владимир Пешевски, зборувајќи за оправданоста за ваквите инвестиции рече дека од 1970 година до денес од 30 земји во светот во кои имало слободни економски зони досега таа бројка нараснала на 120 земји. Тој истакнува дека по влезот на големите компании во земјава од пред неколку години, сега доаѓаат инвеститори што бараат готова инфраструктура и ниски даноци, што ги добиваат во слободните економски зони.

Нова економска зона во ТетовоУправувањето со слободните економски зони ќе остане исто како и досега.

 Државата ќе менаџира со нив, но ако се јави сериозна компанија не се исклучува можноста да и' се даде под концесија ако гарантира брз влез на голем број компании - рече премиерот Никола Груевски на денешниот почеток на работите за инфраструктурно уредување на развојната зона во Тетово.

Премиерот Груевски рече дека новата технолошко индустриска развојна зона во Тетово е четврта од ваков вид во државата, има површина од 96 хектари и планирано е да се сместат триесет фабрики со околу 7.000 работници. Според најавите, таа треба да почне со работа кон крајот на 2011 година. Вицепремиерот за економските прашања, Владимир Пешевски, зборувајќи за оправданоста за ваквите инвестиции рече дека од 1970 година до денес од 30 земји во светот во кои имало слободни економски зони досега таа бројка нараснала на 120 земји.

Тој истакнува дека по влезот на големите компании во земјава од пред неколку години, сега доаѓаат инвеститори што бараат готова инфраструктура и ниски даноци, што ги добиваат во слободните економски зони.

Министерот за економија Фатмир Бесими прашан дали е паметно државата и понатаму да инвестира во изградба на економски зони, бидејќи во Бунарџик има само две компании што работат, избегна директен одговор.

- Должност е на Владата да создаде предуслови за инвестирање на компаниите во слободните економски зони - рече Бесими.

Работите на тетовската зона ќе траат 12 месеци и за изградба на инфраструктурата предвидено е да се потрошат 5,7 милиони евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik